Евалуација на постигнатите резултати на НКБК

Членовите на Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК), на 15 октомври 2024 година, ја одржаа 85-та седница, последна во мандатот на овој состав на експертското тело. На седницата беше направена евалуација и анализа на активностите на експертското тело во изминатите пет години.

Во овој изминат период НКБК изработи голем број на мислења на барање на надлежното министерство и други владини институции за битни прашања поврзани со подготовка на стратегии, програми за работа, меѓународни документи, закони и подзаконски акти поврзани со развојот на бродбендот во државата.

Како отворно прашање останува континутетот на спроведувањето на Националниот оперативен бродбенд план (НОБП) 2019-2029 год. Телото констатира дека забележително е отсуството на повратни информации до НКБК од страна на институциите на чие барање беа подготвувани мислењата и препораките, како и други документи.