Усвоен 10-от Извештај за развој на бродбендот во државата

Во рамките на редовната 84-та седница, одржана на 24 септември 2024 година, членовите на Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК), го разгледаа и усвоија 10-от Извештај за развој на бродбендот во државата согласно DESI индикаторите.

Извештајот беше надополнет со Извештај со анализа за исполнетоста на бродбенд таргетите во Националниот оперативен бродбенд план (НОБП).

Материјалот содржи анализа за спроведени активности на Владата и надлежното министерство во имплементацијата на НОБП, спроведени активности на НКБК во имплементацијата на НОБП, како и учество на членовите на НКБК на вебинари во организација на мрежата на европските тела.

Во извештајот направена е споредба со индикаторите на земјите членки на ЕУ, покриеноста со бродбенд, покриеност со 5G, вкупната распространетост со фиксен бродбенд, конкуренцијата на пазарот и ценовниот индекс за бродбенд. На крајот извештајот содржи Анализа на исполнетоста на таргетите на НОБП.