Членовите на Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК), во рамките на редовната 83-та седница дискутираа за подготовката на Извештај со анализа за исполнетоста на бродбенд таргетите во Националниот оперативен бродбенд план (НОБП), за што беше одлучено да се доработи првичната верзија и да се додаде на 10-от Извештај за развој на бродбендот во државата.
Инаку, НКБК покрај ова започна и подготовка на 10-от Извештај за развој на бродбендот согласно DESI индикаторите, за кој потребно е да се добијат податоци од Агенцијата за електронски комуникации и истиот да биде усвоен најдоцна до крајот на септември 2024 година.
Експертското тело одлучи да оствари средба со министерот за дигитална трансформација, на која ќе му предложи да се формира работна група во која ќе бидат вклучени сите релевантни институции и чинители, која треба да направи анализа на реализацијата на мерките и активностите од постојниот НОБП и предложи нова ревидира верзија на стратегијата.