Разгледан предлог договорот за обезбедување на податоци за физибилити студијата

Националната канцеларија за бродбенд компетентност на 16 јули 2024 година, ја одржа 82-та редовна седница на која се разгледуваат повеќе точки од делокругот на работата на експертското тело.

На почетокот беа разгледани и одговорени сите прашања испратени до НКБК од консултантите за подготовката на Студија за изводливост на изградба на Национална транспортна оптичка мрежа (НТОМ), како и одговорите испратени на Министерството за информатичко општество и администрација (сега Министерство за дигитална трансформација).

Покрај ова, членовите на НКБК го разгледаа предлог договорот за обезбедување на податоци за потребите на физибилити студијата помеѓу Министерството за дигитална трансформација и Агенцијата за елктронски комуникации и беа дадени забелешки до МДТ. Исто така, беа дискутирани предлог мерките на РЦЦ за Дигитален Западен Балкан.