Започнат процесот на ревизија на НОБП

Во рамките на 81-та редовна седница на Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК), одржана на 3 јуни 2024 година, се дискутираше за отпочнувањето на процесот на ревизија на Националниот оперативен бродбенд план (НОБП), согласно тековните активности и прогресот во нивната реализација. Членовите на НКБК направија осврт на поглавјата на стратегијата, со посебен акцент на националните бродбенд таргети, како и мерките и активностите за нивно постигнување.

Беше утврдено дека тие треба да се ревидираат и прилагодат согласно ЕУ политиките дефинирани во Дигиталната декада, да се земат предвид податоците од последниот DESI Извештај на НКБК, како и тоа дека е потребно да се направат потребните консултации со сите засегнати страни.