Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК), на 13 мај 2024 година, ја одржа својата редовна 80-та седница, на која беа разгледани повеќе точки. Најнапред се дискутираше за одржаниот состанок со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и резултатите од него, а потоа и за состанокот со РЦЦ за DESI WB Dashboard.
Членовите на експертското тело на седницата дискутираа и за состанокот со Министерството за информатичко општество и администрација околу ставот по прашањето на РЦЦ за DESI 2024 WB. Во рамките на тоа, испратен е став од МИОА до РЦЦ во врска со Dashboard за WB. Исто така, членовите се осврнаа и на одржаниот состанок со GIZ за проектот EU for Digital.
Во продолжение на седницата НКБК дискутираше и во врска со барањето за иницирање на промени во тековниот предлог Закон за градење поврзани со олеснување на постапки за добивање на градежни дозволи на електронски комуникациски мрежи, солгасно најдобрите ЕУ практики.