Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК), на 16 февруари 2024 година, ја одржа 77-та редовна седница, додека на 8 март 2024 година, ја одржа 78-та седница. Во рамките на двете заседанија се дискутираше за прашањата и предлозите доставени до Министерството за информатичко општество и администрацијата од страна на консултантите на компанијата COWI, задолжени за подготовка на Студијата за изводливост за Националната транспортна оптичка мрежа (НТОМ).
Членовите на експертското тело одлучија да побараат дополнителни појаснувања од консултантите за содржината на доставените барани податоци/индикатори.
На седниците беа разгледани предлог дописите што Министерството за информатичко општество и администрација треба да ги достави до Агенцијата за електронски комуникации, Државниот завод за статистика и ЈП Македонска радиодифузија. Исто така, се дискутираше и околу тоа што треба да обезбеди секоја од претходно наведените институции (пристап до ГИС платформата, ажурирани статистички податоци, податоци од инсталирани и слободни капацитети и сл.).